Се зголемува бројот на загинати во пожарот во анимациското студио во Јапонија

Од:

Десет тела се пронајдени од страна на спасувачите во зградата на студиото за анимиран филм во западниот јапонски град Кјото, каде што денеска избувна пожар, објави новинската агенција Кјодо.

Се претпоставува дека сите починале, но според јапонските закони, тоа можат да го потврдат само медицински професионалци.

Претходно, новинските агенции, повикувајќи се на пожарникари и локални медиуми, јавија дека едно лице загина, а 37 се повредени, од кои десетмина во тешка состојба.

Според првичните информации, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност. Подметнувачот (41) веднаш е уапсен, но поради повреди и тој е префрлен во болница.

Пожарот избувна околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија