Се зголемува бројот на турски граѓани кои се враќаат од други европски држави во Турција

Од:

Тенденцијата на миграција на турски граѓани во Европа почната во 60-те години од минатиот век, сега е обратна – меѓу 2009 и 2011 година речиси 100.000 Турци кои живееле во Германија се вратиле во Турција.

– Бројот на оние кои се вратиле во Турција е поголем од оние кои емигрирале во Германија, изјави турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.

Тој додава дека истата ситуација е регистрирана и во други европски држави и потенцира дека економската криза во Европа е фактор што ја засега таа тенденција.

– Политичката, економската и административната стабилност како и постоењето промени во секоја сфера во Турција исто така се фактори кои придонесуваат за таа тенденција, додава Боздаг.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски