Се зголемува бројот на случаи на фемицид во Германија

Од:

Секој ден маж во Германија се обидува да ја убие сопругата или партнерката, а секој трет ден има убиство, покажуваат најновите статистички податоци во таа земја.

Шефот на канцеларијата за борба против семејното насилство во Министерството за правда на провинцијата Хесен, Јулија Шефер, вели дека семејното насилство започнува со навредување, понижување и вршење финансиски притисок, пренесува Дојче веле.

Групите за заштита на правата на жените исто така се жалат и на тоа како за овие убиства се известува во германските медиуми, бидејќи приказната често се драматизирала или романтизирала, пишувајќи за „љубомора“, за „љубовни драми“, за „семејни трагедии“, бидејќи, како што велат, тоа влијае на начинот на размислување за овие злосторства.

Статистиката опфаќа само пријавени случаи и оние во кои биле осудени сторителите, а истражувањето спроведено во цела ЕУ откри дека само еден од три случаи на семејно насилство е пријавен во полиција.
Во многу случаи, сторителите добиваат полесни казни, а пресудите честопати се изрекуваат за „убиство без умисла“, што се казнува со затвор до десет години.

Како што е наведено, судот обично ги зема предвид сите околности – се случува судијата да ја смета емоционалната состојба на напаѓачот како олеснителна околност, што подразбира дека напаѓачот си прави штета убивајќи ја саканата жена, бидејќи тој е во состојба на беспомошна љубомора.

Во 2018 година, Германија ја потпиша Истанбулската конвенција, првиот правно обврзувачки договор во светот што ја регулира борбата и начините за спречување на семејно насилство. Конвенцијата го признава фемицидот како структурен, социјален проблем, се концентрира на заштита на жртвите и предлага мерки што треба да бидат вметнати во германскиот правен систем.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим