Се вакцинираше Џенифер Анистон: Од здравјето на еден човек, зависи здравјето на сите нас

Од:

Славната актерка Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил објави дека се вакцинирала против коронавирусот, како и дека се чувствува многу добро откако ја примила вакцината.

-Вакцинирана сум и се чувствувам навистина добро. Ние сме исклучително среќни и привилегирани што во моментов имаме вакцини во САД, но тоа не е случај насекаде, за жал, и како што знаеме, здравјето на сите нас зависи од здравјето на една личност. Мислам на оние кои немаат или нема да имаат можност да се вакцинираат, да ги прегрнат своите пријатели и членови на семејството, напиша актерката објавувајќи своја фотографија.

Анистон, како и повеќето нејзини колеги, реши да ја искористи својата популарност и апелира до јавноста да се вакцинира.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид