Се уште нема пресврт во епидемијата со коронавирусот, тврди Политбирото на КП на Кина

Од:

Се уште не е дојден пресвртот во епидемијата со коронавирусот во Кина и ситуацијата во провинцијата Јубеи и натаму останува тешка и сложена, соопшти денеска Политбирото на кинеската Комунистичка партија, со кое претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесе кинеската државна телевизија.

Влијанието на епидемијата од коронавирусот врз кинеската економија е очигледно, но долгоричниот раст на економијата не се менува, наведе Политбирото, пренесуваат британските медиуми.

На состанокот било кажано дека кинеската фискална политика ќе биде проактивна и поефикасна, а монетарната политика пофлексибилна.

Во соопштението се додава и дека владата ќе ги отфрли сите системски фискални ризици.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски