Се уште е непознато како ќе биде предаден нуклеарниот куфер на Бајден

Од:

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп нема да присуствува на денешната инаугурација на Џо Бајден, поради што неговото отсуство ќе има влијание на еден од најважните детали – предавањето на нуклеарниот куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Официјално нема објаснување како Трамп ќе му го предаде на Бајден нуклеарниот куфер, со кој американскиот претседател во секој момент може да лансира нуклеарни ракети. Куферот го носи воен помошник, кој мора постојано да биде со претседателот.

Вообичаено, куферот се предава на друг помошник, кој стои до новоизбрниот претседател на инаугурацијата. Но, денеска размената ќе се случи поинаку бидејќи Трамп во осум часот по источноамериканско време ќе замина на Флорида и ќе биде претседател до 12 часот.

– Постојат најмалку три, евентуално четири идентични куфери. Еден е со актуелниот претседател, вториот е кај потпретседатело, а третиот традиционално е кај лицето одредено да преживее важни настани, како инаугурацијата. Денеска еден куфер ќе биде надвор од градот, што значи дека само куферот на потпретседателот Пенс ќе биде во Вашингтон, освен ако военатѕа канцеларија на Белата куќа не подготвила еден за Бајден, изјави Стивен Шварц, кој повремено пишува за „Атомик сајентистс“ (Atomic scientists).

Шифрите за активација на Трамп ќе важат до 11 часот и 59 минути по локално време, по што ќе бидат исклучени.

– Во согласност со 20 амандман Доналд Трамп е претседател до 11 часот 59 минути и 59 секунди и до тогаш има легални овластувања да употреби нуклеарен арсенал, Ако помошникот го прати до Флорида, тој на пладне треба да замине и со куферот да се врати во Вашингтон, посочува Шварц.

Во меѓувреме Бајден ќе го доби својот „бисквит“ (пластична картичка со шифрите за нуклеарен напад), најверојатно пред инаугурацијата, како и потпретседателката Камала Харис, но кодоввите ќе бидат активни по 12 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Бајден му честиташе роденден на Горбачов

Ана Ололовска

Бајден задоволен од темпото на вакцинирање против Ковид-19

Ана Ололовска

Бајден планира едукација на Американците за вакцините против Ковид-19

Ана Ололовска

Бајден и Трудо заеднички ќе се спротивстават на влијанието на Кина

Бајден ќе ја зголеми помошта за малите фирми чии сопственици се жени и припадници на малцинствата

Ана Ололовска

Бајден оддава почит кон жртвите од Ковид-19 со петминутен молк

Ана Ололовска