Најмалку десет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа при уривање на станбена зграда во градот Алепо во Сирија разурната од војна, објави сириска невладина организација.
Петкатна зграда се урна во курдскиот кварт Шеик Максуд.
Најмалку 30 луѓе живееле во зградата и се верува дека повеќето се заробени под урнатините. Спасувачките тимови извлекоа живо петнаесетгодишно момче, а потрагата по преживеани продолжува.
Сириските власти се уште не објавија официјален коментар за извештајот.