Се урна хеликоптер во САД, загинаа четири лица

Од:

Во хеликоптерска несреќа во Колуса, Калифорнија загинаа четири лица, јавија американски медиуми.

Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) се наведува дека хеликоптер Робинсон Р66 се урнал во 13 часот и 15 минути по локално време во Колуса, северно од Сакраменто.

Од канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија КХТВ изјавија дека четири лица загинале на самото место, а нивниот идентитет не е соопштен.

Несреќата ќе ја испитаат ФАА и Националната агенција за безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трагедија во Турција, девет животи загубени во пад на воен хеликоптер

Жарко Настоски

Тројца пилоти загинаа при пад на воен хеликоптер во Ајдахо

Тринаесет години од хелихоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Ана Ололовска

Одбележани 12 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Ана Ололовска

Почна судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Ана Ололовска

Повторно одложено судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Ана Ололовска