Се урна авион во Индонезија, сите патници погинаа

Од:

Индонезиски патнички авион денеска изгуби контакт со контролата на лет, и најверојатно удри во планина поради што погинаа сите патници кои се наоѓаа во него, изјави неименуван извор од авиокомпанијата.

За сега нема потврда на оваа информација, а потрагата за исчезнатиот авион е прекината во вечерните часови и ќе продолжи утре изутрина.

Авионот “ATR 42”, на индонезиската компанија “Trigana er”, во кој се наоѓаа 54 патници и членови на екипажот изгуби контакт со контролата на летот додека леташе над пределот на провинцијата Папуа на крајниот исток на Индонезија. Шефот на индонезиската национална упраава за потрага и спасување Бамбанг Соелистјо за агенцијата Ројтерс потврди дека е игубен контактот со авионот.

На Твитер налогот на агенцијата Басарнас се наведува дека авионот кој летал на домашна линија и припаѓа на компанијата “Trigana er” и дека во него се наоѓале 44 возрасни патници, пет деца и пет членови на екипажот. Авионот “ATR 42” изгубил контакт после половина час од полетувањето од аеродромот Сентани во престолнината Папуа, Џајапури, на летот до Оксибил кој требало да трае околу 45 минути.

-Не сме сигурни што се случи со авионот и соработуваме со локалната власт, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи на Индонезија. Според информациите, временските услови се лоши, облачно е, и е ноќ, што не е поволно за продолжување на потрагата. Индонезија има лоша репутација кога станува збор за безбедноста во авио сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците