Се слушнале Путин и Мишел, заклучиле дека Русија и ЕУ никогаш не биле во полоши односи

Од:

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин денеска заклучил дека односите помеѓу ЕУ и Русија се на најниско ниво досега.

Во пресрет на самитот на лидери на ЕУ што треба да се одржи на крајот на оваа недела, Мишел и Путин разговарале за односите помеѓу ЕУ и Русија и заклучиле дека несогласувањата се бројни.

-Моментално има несогласувања во многу области. Од перспектива на ЕУ односот со Русија може да заземе нов правец доколку има одржлив напредок во делови како спроведувањето на Договорите од Минск, крај на хибридните и сајбер нападите врз земјите членки и почитување на човековите права, рекол Мишел.

Станало збор и за случајот на Алексеј Навални осуден на затворска казна и кого ЕУ го смета за политички затвореник поради неговиот отпор кон режимот на Путин.

Мишел му порачал на рускиот претседател дека треба Навални да биде ослободен и да се спроведе транспарентна истрага за обидот за убиство врз него. Лидерите разговарале и за вакцините. Спутник В сѐ уште не е одобрена во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски