Се разгледува формиање трибунал за странските џихадисти од ИД во Сирија и во Ирак

Од:

Експерти од неколку европски земји разговараа денеска во Шведска за можноста за формирање меѓународен трибунал за странските милитанти на ИД во Сирија и Ирак.

-Не треба да има имунитет за убиства, терористички злосторства, воени злосторства или злосторства против човештвото, и тоа важи за сите страни во конфликтот, изјави Микаел Дамберг, министер за внатрешни работи на Шведска.

Дамберг рече дека в петок ќе ги информира своите колеги од Европската унија за исходот од состанокот, јави ДПА.

-Дискусиите беа исто така неопходни за земјите во тој регион, додаде Дамберг.

Холандија, една од земјите учеснички, на денешната седница објави дека планира да биде домаќин на министерската конференција во Њујорк на маргините од Генералното собрание на ОН во септември.

Би можело да ве интересира

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град