Се распушти израелскиот парламент

Од:

Израелскиот парламент гласаше рано утрото во вторник за своето распуштање и дореди дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 22-ри јануари.

Одлуката е донесена со сто гласови за и ниеден против, по осумчасовната дебата. Редовните парламентарни избори требаше да се одржат во октомври 2013 година, но во Израел не е невообичаено владејачкото мнозинство да го скуси својот мандат поради несогласувања околу буџетот, верската политика или националните судири со арапските и другите соседи.

Се очекува дека партијата Ликуд на израелскиот премиер во заминување на Бенјамин Нетанјаху лесно ќе победи на изборите и дека повторно ќе формира коалиција со националистичките и верските партии. Нетанјаху ги повика членовите на парламентот да ја поддржат одлуката изборите да се одржат на 22-ри јануари, велејќи дека тешкотиите во усогласувањето на буџетот не оставаат друга можност.

Нетајаху во говорот пред Кнесетот (парламентот) веќе ја започна кампањата, нагласувајќи ги сите мерки што ги преземал за да ја зајакне безбедноста на Израелците, како што е градењето ан пограничната ограда на Синај и разместувањето ан ракетниот штит за одбрана од проектилите истрлувани од палестинската енклава во појасот Газа.

Рече и дека Израел сега има можност да дејствува против Иран и неговите сателити како што нема претходно, но не прецизираше на што мисли. „Кој и да ја сваќа заканата од развојот на иранското нуклеарно оружје површно, не заслужува да владее со Израел еден единствен ден”, нагласи Нетанјаху.

Резултатите од испитувањето на јавното мнение коишто минатиот четврток ги објави дневниот весник Maariv, покажуваат дека Ликуд во моментов би добил 29 места во парламентот, што е за два мандата повеќе отколку сега, со што Нетанјаху повторно би го добил мандатот за составување коалициска влада. Анкетата, пак, што ја направи весникот Haaretz покажува дека коалициската влада којашто најверојатно би ја предводел Ликуд, може да смета на 66 до 68 места во 120-члениот израелски парламент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел