Се распадна израелскиот сојуз на партии од центарот „Сино и бело”

Од:

Израелскиот сојуз на партии од политичкиот центар „Сино и бело” и официјално се распадна, пренесе ДПА.

До распадот на сојузот дојде откако две партии членки во него се повлекоа во знак на протест против одлуката на лидерот на оваа политичка коалиција, Бени Ганц, да стане дел од Владата на национално единство, на чие чело ќе биде досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот Парламент го одобри напуштањето на партиите „Јеш атид” и „Телем” од сојузот „Сино и бело”, со што Ганц остана само со 15 од вкупно 33-те пратенички места, освоени на парламентарните избори на 2 март, забележа германската агенција.

Партијата на Нетанјаху „Ликуд” освои 36 места на овие последни, трети по ред, парламентарни избори во земјата во последната помалку од една година, потсети ДПА.

Сојузот „Сино и бело” беше формиран пред 13 месеци, непосредно пред изборите во април минатата година, со цел да се создаде политичка сила која ќе стане алтернатива на Нетанјаху.

„Сино и бело” беше сојуз на „Јеш атид”, „Телем” и партијата на Бени Ганц „Оддржливост на Израел”.

Би можело да ве интересира

Си-eн-eн: Израелската војска се подготвува за евентуална анексија

Ана Ололовска

Иран и Сирија треба да исплатат отштета за американските жртви во Израел

Ана Ололовска

Уапсен израелски војник поради заканувачки пораки кон Нетанјаху

Ана Ололовска

Ријад Ал-Малики: Израелскиот план за анексија на делови од Западниот брег е објавување војна против палестинскиот народ

Ана Ололовска

Израелскиот министер за одбрана жали за убиството на Палестинец со посебни потреби

Ана Ололовска

Повторно отворена џамијата Ал-Акса

Ана Ололовска