СЕ повика на поголема поддршка во борбата против трговијата со луѓе

Од:

Група експерти од Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе (ГРЕТА) денеска упатија повик за дополнителна поддршка на професионалците кои откриваат и помагаат на жртви на трговија со луѓе.

По повод 30 Јули – Светскиот ден на борбата против трговијата со луѓе, во изјавата се истакнува дека е констатирана „посветеност и храброст на многу професионалци против трговија со луѓе во 47 држави потписнички на Конвенцијата“, но и дека „во некои земји не се дава доволно политичко внимание „и оти се одвојуваат неадекватни ресурси“ за борба против трговијата со луѓе.

„Преземените мерки за контрола на пандемијата на Ковид-19 и нивните социјално-економски последици ја зголемија ранливоста на жртвите на трговија со луѓе и оние кои се изложени на ризик од трговија со луѓе, се вели во соопштението и се додава дека луѓето на теренот, вклучително и претставниците на законот, социјални работници, здравствениот персонал и невладините организации се соочуваат со непредвидливи предизвици што ги ограничуваат во идентификување и помош на жртвите.

За да ги исполни своите обврски и да спречи трговија со луѓе и да ја намали ранливоста на децата од експлоатација, ГРЕТА ги повикува државите да обезбедат соодветни ресурси за заштита на децата, вклучително и деца на мигранти и бегалци.

Би можело да ве интересира

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска