Сè повеќе земји воведуваат трета доза од вакцината против Ковид

Од:

Додека светот се бори со делта варијантата на коронавирусот, се поголем број земји размислуваат да воведат трета доза од вакцината против Ковид-19.

Обединетите Арапски Емирати им се придружија на Германија, Израел и Обединетото Кралство откако во вторникот воведоа насоки со кои се препорачува трета доза на вакцина против ковид за постарите лица.

Израел минатата недела ја објави својата програма за трета доза, откако експерти назначени од владата го препорачаа овој потег. Експертите го засноваа своето мислење врз податоците што покажуваат дека вакцината почнува да ја губи својата ефикасност во спречувањето на инфекции со текот на времето.

Но, не се согласуваат сите со овој потег. Светската здравствена организација (СЗО) минатиот месец посочи дека има премал број на студии за да се знае дали е потребна трета доза.

Американските регулаторни агенции, исто така, им порачаа на американските граѓани дека се уште не треба да земаат трета доза. Претходно неделава, експертот за заразни болести Ентони Фаучи рече дека третата доза сега треба да биде достапна само за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Со помалку од половина од вакцинираното американско население, ситуацијата во САД не изгледа добро, бидејќи бројот на случаи продолжува да расте. Таму расте бројот на заразени, но здравствените власти потенцираат дека најголемиот дел од нив се или невакцинирани или примиле само една доза.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски