Сè поголем број млади заболуваат од Ковид-19 во САД, се бара враќање на мерките

Од:

Меѓу заразените со коронавирусот во Соединетите Американски Држави во последните денови има сè поголем број млади луѓе, па здравствените повторно повикуваат на враќање на задолжителните заштитни мерки како носењето маски и одржувањето физичка дистанца.

Младите луѓе сочинуваат речиси половина од новозаразените во Аризона, тие се мнозинство во градските центри во Тексас, додека, пак, на Флорида просечната старосна граница на заболените со коронавирус се намали на 35 години. Во споредба, во март границата изнесувала 65 години.

Ваквата промена е причина за загриженост кај градоначалниците, гувернерите на државите и здравствените власти, кои веќе размислуваат за есента, имајќи предвид дека ваквиот развој на настаните би можел да ги наруши плановите за повторно отворање на училиштата и универзитетите, одржувањето на спортски настани, како и за враќањето на нормалниот живот и економските активности во полн капацитет.

Постои опасност инфицираните меѓу младата популација, а посебно оние без симптоми, да ја пренесат заразата на ранливите групи Американци во ситуација кога се бележи огромен пораст на бројот на заразени случаи во јужниот и западниот дел на САД, пишува „Њујорк тајмс“

Во САД досега се забележани речиси 2.5 милиони случаи на лица заразени со коронавирусот, а починаа околу 126.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност