Се очекуваат откажувања на летови поради штрајкот на француските контролори на летање

Од:

Бидејќи контролорите на летање почнуваат со 24-часовен штрајк, се очекува патниците кои летаат за и од Франција да се соочат со задоцнети и откажани летови, јави ДПА.

dobivaj vesti na viber

Француската управа за цивилно воздухопловство повика авиокомпаниите за половина да ги намалат своите услуги во континентална Франција и странските територии.

„Ер Франс“ соопшти дека денеска ќе откаже околу 55 отсто од нејзините летови на кратки и средни релации и близу 10 проценти на подолгите.

Мнозинскиот синдикат на контролори на летање повика на штрајк, појаснувајќи дека и покрај шест месеци преговори, недостасуваат конкретни одговори од страна на работодавачите.

Клучните спорни точки се заштита на пониските работни места и плаќањата за да се компензира поради инфлацијата.

Како што информираше синдикатот, една третина од контролорите на летање ќе се пензионираат меѓу 2029 и 2035 година. Тоа се должи на долгата обука, план за вработените на пониски работни места треба да биде во сила до наредната година.

Синдикатот веќе најави втор штрајк од 28 до 30 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

За четири месеци во Франција поради птичји грип се заклани речиси 1,3 милиони живина

Ана Ололовска

Со посета на седиштето на НАСА, Макрон ја почна посетата на САД

Ана Ололовска

Франција за безбедност во сообраќајот сака да ги резервира тротоарите само за пешаците

А1он

Азербејџан ги одложи преговорите со Ерменија, не сака Франција да учествува во нив

А1он

14-годишно девојче во Франција било силувано и убиено

Париз ја повика Србија и „особено Косово“ да го прифатат предлогот на ЕУ за регистарски таблички