Се очекува Трамп денеска да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за „странска терористичка организација“, а неименувани американски функционери потврдија дека овој чекор без преседан со кој Белата куќа го зајакнува притисокот врз Техеран би можел да биде објавен уште денеска.

Овој чекор на Трамп би можел да има големи последици врз американскиот персонал и политиката на САД на Блискиот исток и во други подрачја.

Оваа информација првпат беше објавена во саботата по што претседавачот со Комитетот за национална безбедност на иранскиот Парламент Хешматолах Фалахатпишех изјави дека Иран би можел да ја стави американската армија на списокот со терористи ако Вашингтон ја прогласи елитната иранска Револуционерна гарда за странска терористичка организација.

– Ако Револуционерната гарда биде ставена на американскиот список на терористички групи, ние армијата на таа земја (САД) ќе ја ставиме на црната листа на терористи веднаш со Даеш (Исламска држава)”, напиша Фалахатпишех на Твитер.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност