Се кандидирал за претседател за да докаже дека е жив

Од:

Поради одлука да се ожени со девојка која не била за него и припаѓала на „недопирливите“ пред девет години Сантос Кумар, идниот кандидат за претседател на Индија, бил прогласен за мртов.

Девет години се обидувал да докаже дека е жив, но никако да му успее. Му напишал писмо на премиерот на Иднија, не добил одговор.

Затоа сега 32-годишниот Сантос, професионален кувар, одлучил да се кандидира за претседател на изборите кои ќе се одржат за еден месец и ќе се регистрира како еден од 12 кандидати.

Сантос се надева дека, со помош на собраните документи за регистрација, ќе биде во можност да ја докаже својата егзистенција.

Тој го напушти своето село во 2000 година и тргнал да бара работа во Мумбаи. Овде се вљубил во, а подоцна и се оженил со девојка од кастата Далит.

Кога се вратил дома во селото за да ја запознае невестата со роднините, тие штом слушнале од каде потекнува девојката му рекле дека го обесчестил семејството и го избркале. Според извештајот, во почетокот бил прогласен за исчезнат, а потоа и за мртов. Му приредиле и погреб за да нема сомневање во тоа.

Сантос вели дека роднините со помош на полицијата му го приграбиле и имотот.

Кога отишол да пријави, од таму му рекле дека според официјалните податоци тој е мртов и ако не си замине навистина ќе биде така.

Не успеал да најде ниту еден друг начин, постојано наидувал на институционални пречки. Дури и роднините на сопругата почнале да и се смеат затоа што таа се омажила за мртовец.

-Јас не сакам да бидам претседател на државата, само сакам да докажам дека сум жив. Ако и овој пат не ми успее, тогаш државата нека ме убие и нека ми издаде вистинска посмртница, вели „живиот мртовец“ кој се одлучи да се кандидира за претседател за да докаже дека не е мртов, туку е жив.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка