Припадниците на Бунтовничката слободна војска на Сирија и провладините сили водат жестоки борби за неколку предградија на Дамаск.
Во артилериските и ракетните напади на безбедносните сили лојални на претседателот Башар ал Асад врз неколку населби во околината на Дамаск загинаа 46 луше, соопшти Меѓународната организација за почитувањето на човековите права, со седиште во Лондон.
И Револуиционерниот сириски совет потврди дека во местата Каламун и Јермук, во околината на Дамаск, се водат борби меѓу сириската армија и бунтовниците.
Советот тврди дека во местото Меже остана без електрична енергија по силната експлозија.