„Се бара Груевски“ – транспаренти по улиците во Будимпешта

Од:

Плакати на кои пишува „Се бара Груевски – Владата е подготвена да прими уште еден осуден криминалец“ излепила опозициската партија во Унгарија, Моментум, на повеќе локации во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.

На плакатите пишува и дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.

Моментум е прилично млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да има свој претставник во Парламентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон

ЕУ подготвува казна за Унгарија