СДФ: Борбата против ИД влезе во завршна фаза

Од:

Борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД) влегува во завршна фаза, соопшти денеска бунтовничката алијанса Сириски демократски сили (СДФ), во која доминира групата Сили за заштита на народот на сириските Курди.

– Војната против ИД е во последната фаза и групата секој час трпи нови тешки загуби, изјави претставникот на СДФ, Радур Хелил.

Борците на СДФ контролираат голем дел од територијата во Сирија што претходно беше под контрола на ИД, вклучитечно и престолнината на самопрогласениот „Исламски Калифат“, Рака.

Директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Рахман изјави дека силите на сириските Курди сега се борат против преостанатите припадници на ИД, кои одбиле да се предадат.

– Се спроведува последната фаза од битката против ИД источно од (реката) Еуфрат, која се води на сосема мало подрачје, истакна Рахман.

Извори во СДФ информираа дека борците на ИД синоќа се обиделе да извршат противнапад, но дека биле запрени, при што загинале „голем број“ од нив.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, при овие борби загинале најмалку 34 џихадисти.

Борците на СДФ лани во септември започнаа офанзива против ИД источно од Еуфрат, при што досега успеаја да ги потиснат џихадистите од најголем дел од територијата што до тогаш ја контролираа.

Според податоците на Центарот, во офанзивата досега загинале 1.213 припадници на ИД, 653 борци на СДФ и 388 цивили.

Би можело да ве интересира

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан