СБ на ОН: Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје

Од:

Пет европски членки на Советот за безбедност на ОН побараа од Северна Кореја да преземе конкретни чекори за целосно откажување од програмата за развој на нуклеарно оружје.

Тоа се однесува и на балистичките ракети, а тоа трбе да се спроведе на проверлив и неповратен начин.

Заедничкото соопштение на претставниците на Германија, Британија, Франција, Белгија и Полска е објавено откако 15-те членки на СБ на ОН одржаа состанок зад затворени врати бидејќи Пјонгјанг објави дека минатата среда извршил проба на балистичка ракета, истрелана од подморница.

Европските членки на СБ на ОН сметаат дека таквите лансирања претставуваат „поткопување на регионалната безбедност и стабилност“ и кршење на резолуциите на Советот за безбедност.

– Од витално значење е Советот за безбедност да ги поддржува своите резолуции. Меѓународните санкции мора да останат во сила и целосно и строго да се спроведуваат, се наведува во соопштението.

Северна Кореја ги предупреди САД, Велика Британија, Франција и Германија дека со отворање на прашањето за нејзините ракетни проби во СБ на ОН, дополнително ќе се поттикне желбата на Пјонгјанг да го брани својот суверенитет

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он