Саудиски брод кој веројатно превезува оружје ја напушти Шпанија

Од:

Саудискиот брод, за кој постои сомнение дека превезува оружје за евентуална употреба во Јемен, денеска го напушти шпанското пристаниште Сантандер и отплови кон Џенова, во Италија, соопштија шпански активисти за контрола на оружје.

Алберто Еставес од Коалицијата за контрола на оружје на групите за заштита на човекови права и хуманитарни групи, која се обидува да спречи оружјето да стаса до зоната на судир, изјави дека товарниот брод „Бахри Јанбу“ го напуштил пристаништето на северот на Шпанија, откако биле натоварена два контејнери.

Бродот требаше минатиот петок да се снабди со оружје при доаѓањето во Франција, но наводно поради протестите и правните предизвици ја напуштил таа земја без оружјето.

Голем број земји се под притисок да не испраѓаат оружје во Саудиска Арабија поради стравување дека ќе се користи против цивили во Јемен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов