Саудиска Арабија: За аџилак потребен е доказ за вакцинација

Од:

Министерството за здравство на Саудиска Арабија денеска соопшти дека муслиманите кои сакаат да извршат аџилак оваа година ќе треба да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.

Владата во Ријад подвлече дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека, кој сите муслимани кои можат, треба да го направат еднаш во животот.

Во соопштението не се прецизира дали и оваа година на аџилакот ќе можат да учествуваат само аџии од Саудиска Арабија.

Минатата година само мал број аџии од Саудиска Арабија добија дозвола да учествуваат.

Оваа година, петдневниот аџилак почнува кон крајот на јули.

Би можело да ве интересира

Србија се поблиску до колективен имунитет, вакцинирани речиси три милиони граѓани

А1он

Бразил е во „вистински пекол“ со коронавирусот, алармира СЗО

Жарко Настоски

Унгарија: Светска и олимписка шампионка во стрелаштво почина од Ковид-19

Жарко Настоски

ЕУ ќе преговара за набавка на 1,8 милијарди дози анти-ковид вакцини од „втора генерација“

Жарко Настоски

Во Грција се предлага вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 30 години

Жарко Настоски

Тедрос: Има „шокантна нерамнотежа“ во распределбата на вакцините низ светот

Жарко Настоски