Саудиска Арабија со рекорден буџетски суфицит во 2012 година

Од:

Најголемиот извозник на нафта во светот Саудиска Арабија оствари рекорден буџетски суфицит од 102,9 милијарди долари, што претставува 15 отсто од бруто домашниот производ, соопшти министерството за финансии на земјата.

Продажбата на нафта претставува 92 отсто од вкупните приходи од извоз на Саудиска Арабија.

Од извоз на нафта Саудиска Арабија годинава остварила приход од 330,4 милијарди долари, што е за 187 милијарди повеќе од планираното.

Јавната потрошувачка на Саудиска Арабија во 2012 година изнесувала 227, наместо планираните 184 милијарди долари, што е за 21 отсто над планот на владата.

Четвртина од буџетот на земјата се троши на образование, повеќе отколку за здравство и вооружување.

Минатата недела Советот на министри на Саудиска Арабија го усвои буџетот за 2013 година, кој изнесува рекордни 218 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови