Саудиска Арабија ќе овозможи аџилак во Мека за 60.000 свои вакцинирани верници

Од:

Саудиска Арабија, во најголемото муслиманско верско светилиште во Мека, следниот месец ќе им овозможи аџилак на 60.000 свои граѓани кои се вакцинирани против коронавирусот, соопшти денеска Министерството за аџилак, пренесе агенцијата СПА.

dobivaj vesti na viber

Поради пандемијата лани одењето на аџилак им беше дозволено само на десетици илјади верници кои живеат во Саудиска Арабија, додека во 2019 година 2,5 милиони верници од целиот свет беа на аџилак во Мека.

Во соопштението на Министерството за аџилак се вели дека „оние кои сакаат да извршат аџилак мора да бидат на возраст меѓу 18 и 65 години, не смеат да страдаат од хронични болести и мора да бидат вакцинирани против Ковид-19“.

Кралството во април соопшти дека само на вакцинираните верници ќе им дозволи умра, помалиот аџилак, што предизвика незадоволство кај верниците.

Малиот аџилак, што поради пандемијата беше привремено прекинат во март 2020 година, со бројни мерки за внимателност продолжи на почетокот на октомври.

Првично, само 6.000 Саудијци и странски државјани во Саудиска Арабија имаа дозвола секој ден да одат на умра, но во меѓувреме оваа бројка се зголеми на 20.000.

Во Големата џамија во Мека, секојдневните молитви можат да ги изведуваат приближно 60.000 верници, но аџиите не смеат да ја допираат Кабата, централното свето место во исламот, изградено во форма на коцка.

Би можело да ве интересира

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман именуван за премиер

Ана Ололовска

За една седмица зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намалени смртните случаи

Ана Ололовска

Директорот на Фајзер се зарази со Ковид по втор пат за два месеци

Ана Ололовска

Премиерот на Шпанија позитивен на коронавирус

Ана Ололовска

Кинески научници развија маска што открива коронавирус во воздухот

А1он

Бајден: Пандемијата на Ковид е завршена

Ана Ололовска