Саудиска Арабија им нуди на Хутите план план за прекин на огнот во Јемен

Од:

Саудиска Арабија денеска соопшти дека ќе им понуди план на јеменските бунтовници Хути за прекин на огнот во повеќегодишната војна во земјата и да се дозволи повторно отворање на големиот аеродром во главниот град. Тоа е последниот обид на кралството да ги запре борбите кои предизвикаа најголема хуманитарна во најсиромашната нација во арапскиот свет.

Потегот на Саудиска Арабија следува откако јеменските бунтовници Хути ја зајакнаа кампањата со напади со беспилотни летала и ракети што се насочени кон нафтените локации на кралството. Исто така, тоа се случува кога Ријад се обидува да го рехабилитира својот имиџ со САД под претседателство на Џо Бајден.

Еднострано прогласениот саудиски прекин на огнот пропадна минатата година. Борбите беснеат околу клучниот град Мариб и коалицијата предводена од Саудиска Арабија почнаа воздушни напади уште вчера, насочени кон главниот град на Јемен, Сана.

Мисија на ОН соопшти дека во друг воздушен напад погодена е компанија за производство на храна во пристаништниот град Ходеида.

Хутите не одговорија веднаш на барањето за коментар.

– Сега зависи се од Хутите, кои мора да одлучат дали да ги стават своите интереси на прво место или интересите на Иран на прво место, изјави саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан на прес-конференција во Ријад.

Саудиска Арабија соопшти дека планот ќе им биде презентиран и на Хутите и на меѓународно признатата влада на Јемен во текот на денов. И двете ќе треба да го прифатат планот за тој да се реализира.

Би можело да ве интересира

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“