Саудиска Арабија ги предупреди верниците кои ќе ја посетат Мека за опасниот коронавирус

Од:

Пред поклoнението на милиони муслимани во Мека, властите на Саудиска Арабија предупредија за опасноста од ширење на опасниот блискоисточен коронавирус.

– Особено бремените жени, децата и лицата со хронични заболувања се повикуваат да го одложат аџилакот за друга година, се вели во соопштение на саудиското Министерство за здравство.

Освен тоа, верниците треба да се вакцинираат против менингит и да можат тоа да го докажат при пристигнувањето.

Се препорачува и вакцинација против грип и детска парализа. Властите ги повикуваат учесниците на поклонението, што ќе биде во октомври, да си ги мијат рацете редовно со сапун и да користат марамици при кашлање и кивање.

Сличен на тешкиот респираторен синдром, блискоисточниот коронавирус предизвикува симптоми кои наликуваат на грип и може да доведе до тешка пневмонија.

Светската здравствена организација (СЗО) го оценува вирусот како закана за целиот свет.

Според најновите податоци на СЗО во целиот свет се регистрирани 45 смртни случаи предизвикани од вирусот, од кои повеќето во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови