Саудијците и Русите се согласија за нацрт договор

Од:

Саудиска Арабија и Русија постигнаа договор за нацрт-договор за намалување на производството на нафта во обид да го спречат колапсот на пазарот на „црното злато“ предизвикан од пандемијата на Ковид-19.

Цените на нафтата, по оваа вест, се зголемија за 12 проценти.

„Двете земји се чини дека ги закопаа несогласувања што доведоа до голем суфицит во снабдувањето со нафта“, пишува Блумберг, повикувајќи се на изјави на неименувани делегати.

До доближувањето на ставовите дошло непосредно пред почетокот на вонредната виртуелна средба меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници.

Според извештаи на некои светски агенции, цените на суровата нафта пораснаа за 12 проценти по вестите дека ОПЕК и најголемите производители, со Русија на чело, се договориле да го намалат производството за 20 милиони барели на ден.

Цената на американската сурова нафта WTI порасна за 12 проценти на 28,36 долари за барел, додека северноморската нафта „брент“ порасна за 8,5 проценти на 35,79 долари за барел.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он