Санкциите наложени кон Иран не даваат резултат, изјави генерал на САД

Од:

 Дипломатските и економските санкции кон Иран кои беа воведени со цел да му се попречи на Техеран да се здобие со нуклеарно оружје, не даваат резултат, изјави командантот на Централната команда на САД (Центком), генерал Џејмс Матис пред комисијата за вооружените сили на Сенатот на САД.

Според генерлот Иран се обидува да ги искористи преговорите за нуклеарната програма само за да се здобие со време.

– Тоа во никој случај не треба да значи дека ние не треба да се обидеме да преговараме. Но мене ми плаќаат, чесно кажано, да гледам скептично на Иранците, истакна Матис.

Во одговор на прашања на сенатори од комисијата, генералот истакнал дека армијата на САД е способна да го запре Иран да падне на колена. – Има неколку начини на кои тоа може да се случи, дури и без да дојде до отворен конфликт, рече тој.

Матис истакна дека Иран создава „засилувачка опасност од гледна точна на безбедноста со поддршката за режимот на Башар ал Асад во Сирија“. Тој додаде дека корпусот на Иранската револуционерна гарда „веќе учествува во борби во Сирија“.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски