Санкциите на ЕУ против Русија го штедат прехранбениот сектор

Од:

Европската Унија не воведува нови пакети санкции против Русија, фокусот за сега е на усогласување и почитување на веќе постоечките рестрикции, храната и земјоделството се изземени, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Процедурата за финализација на усогласувањето и одржувањето на сите шест пакети санкции предложени од Европската Комисија е во фаза на финализација во Советот на ЕУ. Високи функционери на ЕУ денеска ги брифираа новинарите за текот на процедурата и содржината на санкциите.

За потсетување, последниот пакет се однесуваше на извозот на злато од Русија, иако овој производ повеќе го увезуваат Обединетото Кралство и Швајцарија, Европската Унија сепак го стави на список. Санкции има против најголемата руска банка Сбербанк, врз јагленот, постепени рестрикции за нафтата, и ред други сектори, но не и гасот, ниту дијамантите.

Изземени се и прехранбените производи, според ЕУ тоа е направено за да им се помогне на третите земји, пред сѐ во Африка, кои се многу зависни од увозот на житарици и прехранбени производи од Русија, но и од Украина. Во исклучоците е вклучено и ѓубривото клучно за земјоделскиот сектор. Тоа значи и дека трансакциите со банката Сбербанк кои се однесуваат на прехранбени и земјоделски производи се исто така поштедени.

Европската Унија се брани дека ова е направено под притисок на Русија, туку е исклучиво во интерес на третите земји зависни од руското земјоделство.

-Немаме санкции врз извозот на земјоделски производи кон трети земји, иако мора да се осигуриме дека нема да има индиректни последици, исклучоците се однесуваат на Сбербанк и на сите други банки, а вклучено е и ѓубривото, потврдија експертите во Брисел кои ги подготвуваат пакетите санкции против Русија.

Тие велат дека целта на ЕУ никогаш не била да се ограничи трговијата меѓу Русија и третите земји за кои оваа област е важна, и додаваат дека се работи на олеснување на извозот на земјоделските продукти од Русија и Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски