„Сандеј тајмс“: ЕП е „легло на сексуално вознемирување“

Од:

Повеќе од десетина жени вработени во Европскиот парламент ги обвинија европратениците за непримерно однесување, тврдејќи дека ЕП претставува „легло на сексуално вознемирување“, пишува британскиот весник „Сандеј тајмс“.

Анонимните жени ги обвинуваат политичарите за „допирање, следење и вознемирување“, жалејќи се дека ги третираат како „месо“, наведува лондонскиот весник, кој спроведе истражување во врска со ваквите наводи.

Неименувана асистентка во ЕП тврди дека висок член на тој парламент мастурбирал пред една млада асистентка, се наведува во текстот, кој го пренесува весникот „Сан“.

Друга жена вработена во ЕП опишува како висок германски претставник на Европарламентот „ја следел“ и повеќе пати „и се приближувал“.

Таа тврди дека ЕП е „апсолутно легло на вознемирување“, бидејќи членовите на Парламентот „пред никого не одговараат“.

Уште една жена вработена во ЕУ го опишала „понижувањето кое го чувствува кога членови на ЕП ја третираат како месо“.

Една од жените, чии тврдења ги пренесува британскиот весник, пак, вели дека тоа е „прашање на моќ“ бидејќи европратениците сметаат дека можат да отпуштаат и вработуваат асистентки кога ќе посакаат.

„Сандеј тајмс“ не ги открива имињата на жените кои тврдат дека се сексуално вознемирувани во ЕП, бидејќи ниту една од нив тоа не го пријавила в полиција и не сакаат да ги уништат своите кариери.

Тие сепак признаваат дека за нивниот потег да проговорат во јавност ги охрабрил скандалот во кој е инволвиран холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

Би можело да ве интересира

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите

Косово доби визна либерализација