Санчез замина од Барселона без да се сретне со Тора

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез синоќа замина од Барселона, каде беше во еднодневна посета на полиција, но не се сретна со каталонскиот лидер Квим Тора, кој неколку пати побара средба.

Санчез не му одговорил ниту на телефонскиот повик на Тора, но му испратил писмо во кое бара каталонскиот лидер да го осуди насилството за време на протестите. Санчез беше пречекан од стотици мирни демонстранти, кои ја пееја каталонската химна и истакнуваа транспаренти со кои го повикаа да „седне и да разговара“ со регионалната влада. Санчез во Барселона се сретна со безбедносните сили и полицајците кои беа повредени на протестите, како и со лекарите задолжени за нивно закрепнување.

Претходно, Тора изјави дека протестите, на кои често доаѓа до судири со полицијата, нема да завршат сè додека шпанската Влада не се согласи да ги ислуша барањата на сепаратистите.

– Шпанија мора да сфати дека ова ги надминува рамките на Каталонија и оти никој не може да управува со Шпанија без да го слуша гласот на Каталонците, истакна Тора.

Протестите во Каталонија почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.
Во немирите во текот на изминатата недела повредени се повеќе од 500 лица, а полицијата приведе над 150 луѓе.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски