Сана Марин призна пораз, десеницата победи во Финска

Од:

Актуелната финска премиерка Сана Марин, лидерка на Социјалдемократската партија, го призна поразот на парламентарните избори на кои победи централнодесничарската Национална коалиција.

„Честитки за победниците, честитки за Националната коалиција, честитки за Партијата на Финците, демократијата проговори“, рече 37-годишната Марин, обраќајќи им се на своите поддржувачи.

Според речиси целосните резултати, врз основа на 98 проценти од преброените гласови, Националната коалиција ќе има 48 од 200 места во парламентот, пред Партијата на Финците (ПС) која освои 46 места и социјалдемократите со 43.

Најмладата шефица на владата во светот кога дојде на власт на крајот на 2019 година, Марин беше пофалена за доброто управување со пандемијата на Ковид-19 и процесот на пристапување во НАТО, како и за нејзиниот став против соседна Русија.

Но, противниците ги критикуваа нејзините економски резултати, особено растот на јавниот долг, како и видеата од забавите. Шефот на Националната коалициона партија (НКП) Петри Орпо прогласи победа малку порано. „Тоа е голема победа“, рече поранешниот министер, 53-годишниот Орпо. Ќе почнеме преговори за владата во Финска“, додаде тој.

Парламентарните избори во земјата со 5,5 милиони жители речиси се совпаѓаат со приемот на Финска во НАТО, што се очекува во наредните денови. Формирањето влада обично трае неколку недели, но понекогаш и месеци.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател