Само во последната недела нови милион и пол невработени во САД

Од:

Само во последната недела во САД околу 1,54 милиони лица поднеле барања за пријава за невработеност, што покажува дека темпото на губење работни места сепак забавува, соопшти Секретаријатот за труд.

Извештајот за минатата недела покажува дека околу 1,9 милион нови лица се пријавиле за невработени, што е подобрување во однос на неодамнешните шест милиони. Вкупниот број изнесува околу 44 милиони барања, откако пандемијата на коронавирусот сериозно погоди делови од американската економија.

Во САД досега се забележани преку два милиони инфицирани со коронавирусот, а од Ковид-19 починаа над 115.000 луѓе. Многу сојузни држави деновиве почнаа да ги олабавуваат рестрикциите, со мерки за социјално дистанцирање кои се уште се во сила.

Минатиот петок, месечниот извештај за вработувањата на Бирото за статистика на трудот покажа изненадувачки пад на стапката на невработеност  на 13,3 проценти. Претходниот месец оваа стапка изнесуваше 14,7 проценти.

Американските Федерални резерви вчера објавија проценка дека годинава просечната невработеност ќе изнесува 9,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат