Само во две европски земји нема коронавирус, бројот на заразени над 119 илјади

Од:

Во светот, вкупниот број на заразени од коронавирус надмина 119 илјади. Повеќе од 4.200 луѓе умреле како последица на респираторниот вирус, а повеќе од 66.000 се опоравиле.

dobivaj vesti na viber

Во Европа состојбата е најлоша во Италија, каде што само вчера починале 168 лица. Со тоа вкупниот број на жртви се зголеми на 891, додека вкупниот број на заразени надмина 10.000.

Инфекцијата со коронавирус од Италија се пришири во речиси сите европски земји, а кај нас засега има регистрирано седум случаи.

Сепак, во две европски земји и натаму нема пријавено инфекција со коронавирус.

Откако вчера Турција го пријави првиот случај, заразени со коронавирус нема само во две други земји кои се многу блиску до нашите граници.

Станува збор за Црна Гора и Косово, кои се единствени во Европа каде се уште нема ниту еден инфициран.

Иако досега не се пријавени случаи на инфекција во Црна Гора, црногорските здравствени власти воведоа строги превентивни мерки, кои вклучуваат забрана за патување во најпогодените земји, како и пристигнување на патници од тие земји.

Во Косово луѓето се советуваат дека треба да избегнуваат ракување, прегратки како и непотребно движење навор и јавни собири.

Би можело да ве интересира

Лекови на Фајзер ќе бидат достапни по непрофитна цена во сиромашни земји

Ана Ололовска

Германски експерти сметаат дека е потребна една доза вакцина против Ковид-19 за децата на возраст од пет до 11 години

Ана Ололовска

Бил Гејтс: Лудо е да се каже дека мојата улога во пандемијата на коронавирус е злокобна

Ана Ололовска

Северна Кореја информира за уште 186.000 случаи на „треска“ во епидемијата на Ковид-19

Ана Ололовска

Внимателно реактивирање на животот во Шангај и Пекинг

Ана Ололовска

Маската во затворените простори, единствената Ковид мерка актуелна во Грција

Ана Ололовска