Само вакцинирани странци ќе може да влегуваат во САД

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги најави првите чекори кон донесување мерка според која сите странски посетители во САД мора да бидат вакцинирани против коронавирусот.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека условот ќе биде дел од постепено административно олеснување на ограничувањата за патување за странски државјани кои доаѓаат во САД, за што не е одредена временска рамка, но сите, со некои ограничени исклучоци, се очекува да треба да се вакцинираат против Ковид-19.

Администрацијата на Бајден ги задржа мерките што строго ја ограничија можноста за влез во Соединетите Американски Држави, како причина наведувајќи го ширењето на Делта варијантата на вирусот.

Според постојните правила, на државјаните кои не се од САД, а кои во претходните 14 дена биле во Кина, во европската Шенген-зона, Велика Британија, Ирска, Бразил, Јужна Африка и Индија, им е забранет влез во земјата.

Сите патници во САД, без оглед на статусот на вакцинација, исто така мора да покажат доказ за негативен тест за Ковид-19, кој не е постар од три дена од моментот на пристигнување во земјата.

Би можело да ве интересира

„Јунајтед Ерлајнс“ отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат

Катерина Павлова-Николовска

На генералното собрание на ОН во Њујорк само со доказ за вакцинација

Коронавирусот во САД се прошири до нивото забележано во јануари

Во САД за шест месеци фрлени 15 милиони дози вакцини против Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Коронавирусот премина на животни, заразени 40 отсто од елените во северниот дел на САД

Катерина Павлова-Николовска

Во САД 70 отсто од возрасните примиле барем една доза вакцина