Само три отсто од Французите сакаат Оланд да биде кандидат на социјалистите во 2017 година

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд се најде на нивото од каде ја започна трката за освојување на Елисејската палата, бидејќи слично како и во 2011 година и денес само три отсто од Французите сакаат тој да биде претседателски кандидат на социјалистите во 2017 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Ваквиот заклучок произлегува од анкетата на јавното мислење спроведена од „ОпинионЗел“ за конзервативниот весник „Фигаро“.

Ако трите проценти беа за гордеење во 2012 кога Франсоа Оланд победи, денес тие изгледаат како потврда на неговиот „развод“ со Французите.

Истото испитување покажува дека актуелниот премиер Мануел Валс ужива поголема поддршка од Оланд, како кај Французите, туку и меѓу симпатизерите на социјалистите. Дури 40 отсто од симпатизерите на социјалистите сакаат за кандидат за претседател да биде Валс, додека само 15 проценти се за актуелниот претседател Оланд.

Сличен е односот и на ниво на сите испитани гласачи, само три проценти од Французите сакаат Оланд да биде кандидат, додека 26 отсто одговориле дека тоа треба да биде Мануел Валс.

Оланд треба да биде загрижен, бидејќи и неговата стара ривалка Мартин Обри ужива поголема поддршка кај социјалистите, од за него високи 16 проценти.

Француските социјалисти во 2011 за да го изберат свјот кандидат за претседател организираа прелиминарни избори и сега би изгледало нелогично да се откажат од тој „демократски инструмент“ за идните претседателски избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм