Самит ЕУ-Арапска лига: Заедно против истите предизвици

Од:

Шефовите на држави или влади од ЕУ и Арапската лига денеска, на крајот на првиот, историски Самит во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, изразија подготвеност за соработка во однос на миграцијата, борбата против тероризмот и најавија нова страница во меѓусебните односи.

– Денеска го заклучивме првиот самит на ЕУ и Арапската лига. Јас навистина верувам дека ова може да биде пресвртна точка за нова страница во нашата взаемна заедничка соработка, рече претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој заедно со египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси копретседаваше со состанокот на врвот.

Во заедничката декларација, усвоена на крајот на Самитот, учесниците потврдија дека на состанокот во египетското летувалиште Шарм ел Шеик нема да биде изолиран настан, туку во иднина ќе се среќаваат на секои три години, наизменично во некоја од земјите од Арапската лига и во ЕУ.

Двете страни се согласуваат дека меѓународниот поредок заснован на правото е во опасност, дека заедно ќе го бранат и оти мултилатерализмот е најдобриот начин за решавање на заканите по меѓународниот мир и безбедност.

-Соочени сме со истите предизвици во геополитички контекст, кој стана се поопаснен и понестабилен. Соочени сме со предизвици како меѓународни безбедносни кризи, тероризмот, климатските промени, масовно иселување на луѓето или обезбедување одржлив раст и инвестиции во несигурна глобална економија. Како блиски соседи, немаме друга алтернатива освен да работиме заедно на овие и на другите предизвици, рече Туск на заедничката прес-конференција.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер укажа на потребата за унапредување на човековите права и толеранцијата, што е проблем со кој многу од арапските земји имаат проблеми.

– Заедно, земјите од Арапската лига и Европската унија учествуваат со околу 12 проценти во светското население. Она што можеме да го сториме за да обезбедиме стабилност во нашите земји и пошироко, далеку ја надминува нашата демографска тежина, рече Јункер.

Двете страни во заедничката изјава потврдија дека имаат заедничка позиција за мировниот процес на Блискиот Исток, вклучувајќи го и прашањето за статусот на Ерусалим, и истакнаа дека решението за две држави кои мирно ќе коегзистираат е единствениот реален пат за да се справат со кризата и да се воспостави траен и сеопфатен мир меѓу Израелците и Палестинците.

Тие, исто така, изразија согласност за потребата од промовирање на единството, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Сирија, Либија и Јемен.

Следниот состанок ќе се одржи во 2022 година во Брисел.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески