Самарас:Грција ќе излезе од тунелот на кризата

Од:

Според  весникот „Фајненшл тајмс“, грчкиот премиер Андонис Самарас ќе побара од германскиот канцелар Ангела Меркел и од францускиот претседател Франсоа Оланд продолжување  на рокот за имплементирање на мерките за штедење од две на четири години.

Британскиот весник тврди дека Самарас ќе им го претстави своето барање на Меркел и Оланд на средбите, следната недела.

Грчкиот весник „Вима“ коментира дека Самарас е одлучен да ги преземе потребните чекори без разлика на нивната политичка цена. Тој од неговото родно место Пилос, каде се наоѓа на празнување на црковниот празник Голема Богородица изразил оптимизам дека Грција ќе успее со многу напори да почне полека да излегува од тунелот на кризата и ќе успее да ја извојува битката за продолжување на рокот на грчката рестриктивна програма.

 

 

 

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди