Саманта Пауер ќе ја раководи Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД)

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја избра Саманта Пауер, поранешен амбасадор во Обединетите нации, за директор на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

„Пауер ќе ја собере меѓународната заедница и ќе работи со нашите партнери на решавање на најголемите предизвици на денешницата – вклучително и на Ковид 19, климатските промени, глобалната сиромаштија и демократското назадување“, се наведува од преодниот тим на Бајден.

Пауер беше постојан претставник на САД во ОН од 2013 до 2017 година.

-Пауер ќе биде силен глас за помош на ранливите, воведувајќи нова ера во човековиот прогрес и развој и работејќи за американските интереси низ светот, рече Бајден во својата изјава.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама