Салвини одбива да прими шпански брод со мигранти

Од:

Шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ (Open Arms) со 147 мигранти денеска се вкотви во италијански територијални води и чека одобрување да вплови во пристаниште на островот Лампедуза.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини забрани бродот да влезе во пристаништето, додека министерката за одбрана Елизабета Трента одби да ја потпише забраната на Салвини.

Трента истакна дека политиката не може да ја загуби хуманоста.

Салвини тврди дека Италија изминатите години примила голем број мигранти и инсистира другите земји членки на Европска унија да ги преземат мигрантите, кои се на отворено море повеќе од две недели

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он