Салвини: Лигата е подготвена за договор со Берлускони

Од:

Лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини, изјави дека неговата партија е подготвена за сојуз со партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Со ова тој најави коалиција на десниот центар за можните вонредни парламентарни избори.

-Следните часови ќе се видам со Берлускони и со Џорџа Мелони (лидерка на крајнодесничарската партија Браќа Италија) , рече Салвини за весникот „Ил Џорнале“ што е во сопственост на семејството Берлускони.

Тој кажа и дека ќе „предложи договор“ што ќе биде поширок од спектарот на десниот центар. Во коалицијата би можеле да влезат и таканаречените граѓански листи ориентирани кон локалните избирачи, пренесува порталот Политико.

Лигата на Салвини недомана соопшти дека се распадна коалицијата со Движењето пет ѕвезди и најави дека до Сенатот ќе упати предлог за изгласување недоверба на владата. Но, италијанскиот Парламент во моментов е на летна пауза, па од претседателот на Сенатот зависи дали ќе свика седница на законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Матарела им даде уште време на партиите да формираат влада

Ана Ололовска

Наполи му достави ултиматум на Икарди

Берлускони: Ако нема влада на десниот центар треба да се распишат избори

Ана Ололовска

Продолжуваат консултациите за нова влада во Италија

Ана Ололовска

Ренци е подготвен за соработка со Движењето „Пет ѕвезди“

Ана Ололовска

Италијанскиот претседател почнува консултации со партиите за излез од политичката криза

Ана Ололовска