Салмонд повика на почитување на резултатот од референдумот и на единство

Од:

Првиот министер на шкотската влада и лидер на сепаратистичката,шкотска национална партија (СНП) Алекс Салмонд ги повика Шкотланѓаните на единство и побара од сите да ги почитуаат резултатите од вчерашнпто гласање на референдумот во Шкотска.

Во обраќањето до своите симпатизери и активистите на неговата партија,Салмонд го прифати поразот и призна дека е длабко разочаран од исходот на референдумот.

– Сега е важно се каже дека нашиот референдум беше усогласен процес во кој мнозинството Шкотланѓани,овој пат,одлучија да не ја прифатат независност, рече Салмонд.

Тој вети дека ќе работи со остатокот на Велика Британија,на уредувањето на работите во државата.Салмонд рече дека го прифака решението на гласачите и ги повика сите другите да ја прифатат „демократската одлука“ на луѓето во Шкотска.

Првиот министер на шкотската влада,ги повика унионистичките партии (конзервативната,лабуристичката и либералдемократската) да го исполнат ветувањето,дадено во финишот на референдумската кампања,за проширување на деволуцијата и за префрлање на нови овластувања за Парламентот во Единбург.

СНП и Салмонд победија,по вторпат, едноподруго,на изборите во Шкотска,во 2011 година,обезбедувајќи апсолутна подршка во Холируд (шкотскиот Парламент).

Салмонд кој одново стана прв министер на шкотската влада, веднаш почна со подготовки за референдум за независност од Велика Британија,тврдејќи дека добил мандат од луѓето за отцепувањето на земјата.

Резултатите од гласањето на референдумот,меѓутоа,потврдија дека Шкотланѓаните ја подржуваат неговата внатрешна политика,посебно во социјалниот сектор,но не се согласуваат со растурањето на Обединетото Кралство и со отцепувањето на Шкотска.

Во текот на кампањата се зборуваше дека Салмонд би можело да поднесе оставка,доколку загуби на референдумот за независност,на што тој и СНП беа насочени изминатите три и повеќе години,откако ја имаат власта на северот од Велика Британија. Засега од Единбург нема такви навестувања.

Салмонд не само што не споменува дека би може да си замине,туку зборува за продолжување на работат врз шкотските (и британските) работи со британските партии.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска