Саливан: Пресвртница за САД и Израел во однос на безбедноста

Од:

САД и Израел се на „пресвртница“ за различни безбедносни прашања и треба да развијат заедничка стратегија, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност во кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден, на денешната средба со израелскиот премиер Нефтали Бенет во Ерусалим.

Кабинетот на Бенет соопшти дека израелскиот премиер и Саливан разговарале за напорите на Иран и светските сили да го обноват нуклеарниот договор постигнат во 2015 година.

– Она што се случува во Виена има длабоки последици за стабилноста на Блискиот Исток и безбедноста на Израел во наредните години, истакна Бенет.

Израел не учествува во овие преговори, но долго време најавува дека ако дипломатијата дојде до застој, може да прибегне кон воена сила со цел да го спречи Иран да набави суровини за изработка на атомска бомба, иако Техеран негира дека се обидува да произведе нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел