Саливан: Бајден со сојузниците од НАТО в четврток ќе објави нов пакет санкции за Русија

Од:

На вонредниот состанок на НАТО во Брисел во четврток, претседателот Џо Бајден заедно со сојузниците ќе објави нов пакет санкции против Русија, со ефект и за земјите со намера да помогнат на Москва во заобиколување на мерките, изјави денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.

-Тоа е значаен дел од ова следна фаза, ние ставаме огромен економски притисок врз Русија. И со цел да се оддржи и зголеми тој притисок со текот на време, со нови именувања на санкционирани лица и ентитети. Со ефективно ставање во сила на тие санкции, огледувајќи се на претходните искуства со други земји, изјави Саливан на денешниот брифинг.

Тој уште еднаш повтори дека САД немаат свое присуство во Украина, и дека помагаат во испораките на воена опрема на земјата.

-Немаме американски војници на територијата на Украина, но имаме секако американски војници кои ја бранат територијата на НАТО, и тие се таму за обезбедување гаранции за нашите сојузници и задржување на руската агресија. Ние исто така помагаме со директна испорака на воена опрема на Украина, како и со модерирање на таквата испорака од други земји, истакна тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“