Салами: Израел ќе плати висока цена за нападите врз Палестинците во Газа

Од:

Командантот на елитната иранска Револуционерна гарда, Хосеин Салами, денеска изјави дека Израел ќе плати висока цена за последните напади врз Палестинците во Газа, јави иранската државна телевизија.

-Израелците ќе платат уште една висока цена за нивното неодамнешно злосторство, изјави генерал-мајорот Хосеин Салами, мислејќи на израелските воздушни напади врз Газа, пренесуваат британските медиуми.

Салами денеска се сретна со лидерот на „Исламски џихад“, Зиад ал Нахал, кој во моменов се наоѓа во Иран.

Израелското воено воздухопловство го нападна Појасот Газа и позициите на екстремистичката група Исламски џихад (ИД), а палестинската страна одговори со канонада од ракетни напади врз Израел, со што е прекинато релативното примирје во пограничната зона што траеше повеќе од една година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 21 лице загинаа во пожар во станбена зграда во Појасот Газа

Горан Наумовски

Велика Британија повика на брз прекин на насилството во Појасот Газа

Турција остро ги осуди нападите на Израел врз Појасот Газа

Египет предложи привремен прекин на огнот меѓу Израел и Исламски џихад

Израелски авион нападна пункт на Хамас во Појасот Газа