Салах Абдесалам, главниот обвинет за нападот во Париз осуден на доживотен затвор

Од:

По 148 рочишта, дваесетте обвинети за масакрот во Париз од 2015 година беа осудени на казни од две години до доживотен затвор. Обвинетите имаат рок од десет дена за жалба на пресудите, јави дописникот на МИА.

Салах Абдеслам (32) е осуден на доживотен затвор, а казната не може да се намалува од страна на специјално составениот кривичен суд. Судот во него виде „коавтор“ (а не соучесник) на исламистичките убиствата од 13 ноември 2015 година во Париз и Сена Сен Дени. Единствениот преживеан член на фанатичните командоси кои убија 130 луѓе и повредија стотици други доби максимална казна предвидена во кривичниот законик како соизвршител во обидите за убиства на лица одговорни за јавниот ред – полицајци – во врска со терористички потфат, дело извршено за време на крвавото земање заложници во Батаклан. И покрај напорите на неговите адвокати да се намали квалификацијата, петте судии гласаа за ваквата казна со мнозинство. Тие го отфрлија мотивот на Салех доброволно се откажал да го употреби неговиот експлозивен елек на посетеното место, што тој го тврдеше на сослушувањето. За судот уредот „не бил функционален“, што објаснува зошто не можело да се активира.

Треба да се напомене дека доживотната затворска казна која не може да се намалува, а и забранува да се побара какво било прилагодување на казната пред триесет години и ја прави таквата мерка крајно неверојатна, беше изречена и против петмина обвинети за кои се претпоставува дека загинале на ирачко-сириските боишта и им се судеше во отсуство, во чиј прв ред е Осама Атар, висок достоинственик на Исламската држава (ИД) и главен спонзор на нападите извршени во Европа.

Пресудата беше примена со најголема смиреност во преполната специјално уредена судска сала.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

(ВИДЕО) Иран: Бомби разнесоа колона луѓе, повеќе од 100 мртви