Сакале да ограбат банкомат, ја кренале банката во воздух

Од:

Крадци во едно германско гратче при грабеж на банкомат употребиле премногу експлозив и наместо да го отворат само банкоматот, ја разурнале целата банка.

Експлозијата била толку силна што остатоци летале и преку 80 метра од местото на експлозијата.

Грабежот се случил во местото Нотулн на североистокот на Германија. Во експлозијата, освен банката, оштетени се две згради спроти банката.

Полицијата претпоставува дека станува збор за лоша пресметка на разбојниците за тоа колку експлозив им е потребно за отворање на банкоматот.

Сепак крадците не останале со празни раце. Успеале да земат нешто пари, а локалната полиција ја утврдува сумата што недостасува.

Би можело да ве интересира

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски

Хрватска државјанка во Германија убиена од нејзиниот син: „Ја избодев со нож, па повикав брза помош“

Ана Ололовска

Драма во Германија: Се урна авион во близина на НАТО писта, загинаа двајцата пилоти

Катерина Павлова-Николовска

Србин е уапсен во Германија за убиство: Маж е отруен со наркотици, се истражува улогата на неговите познаници

Зеленски: Германија се покажа како вистински пријател

Ана Ололовска